Тајната средба во СДСМ: Дали Димитар Ковачевски размислува(л) да поднесе оставка!? Кои 2 пораки им ги испрати премиерот на партискиот врв во петокот?
Веќе осум месеци трае обидот за пуч во државата и во СДСМ, стимулиран, а богами и спонзориран од страна на македонската олигархија. На почетокот тоа беше се некако под маса се до гостувањето на премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски на една национална телевизија, кога стана јасно дека и тој и олигархијата ќе одат до крај. Каков ќе биде крајот ќе видиме, но очигледно дека Ковачевски добил зелено светло од странците да “расчистува во дворот” на крупниот капитал!?
Во последните 30 дена таа операција ескалираше до јавна средба на “мегафонот” на олигархијата со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, која се случи само еден ден ден по ставањето на Јордан Камчев на амариканската црна листа. Во пакет со тоа почнаа да стануваат се погласни шпекулациите дека во тесен круг на свои близки сорабоници Ковачевски најавил свое заминување и од партијата и од владата по усвојувањето на уставните измени оваа есен. Почнаа и да се вртат и имињата на негови можни наследници.
Пред една недела во Охрид, на својот роденден, а пред многу тесен круг на блиски пријатели и сопартијци, Ковачевски ги кажал своите планови за претседателските, парламентарните и локалните избори во 2025 година.
Во петокот, пред три дена, во Скопје, на поширока средба, на која присуствувале околу 30 до 40 членови на највиското раководство на СДСМ, дел од министрите и замениците министри во владата и дел од собранискиот состав, Ковачевски им испраратил јасна порака за две клучни прашања: Прво дека не планира(л) да поднесе оставка. И второ, дека на претседателските и парламентарни избори СДСМ ќе оди во коалиција со ДУИ и Али Ахмети.
За претседателските избори било кажано дека треба да се случат кон средината на март (првиот круг) а да завршат пред 10 април кога е Рамазан Бајрам. За парламентарните избори има два термини, едниот е јули, а другиот во август 2024 година. Така барем сега засега стојат работите.
Целата политичка анализа за тоа што ќе се случува во СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, какви преговри се водат зад завесата можете да ја погледате на следниот линк, но предхоно треба да станете мембер (член) на јутуб каналот Vasko Eftov: