Тајно снимено видео од затворената метропола: Вака изгледа кога ќе се ожени синот на Рамзан Кадиров во Грозни!

На Ахмат Кадиров, едно од 14-те деца на Кадиров, на венчавката му честитал лично рускиот претседател Владимир Путин.

Се ожени Ахмат Кадиров , 17-годишниот син на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Неговата сопруга е наводно Тамила Махматова, но не се знае многу за невестата.

По повод венчавката, во главниот град на Чеченија, Грозни беше организирана раскошна прослава, а за свадбената поворка непречено да помине низ градот, улиците беа испразнети од жители. Исто така, никој не смеел да ја снима свадбената веселба.

А сепак, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа колона луксузни автомобили. Требаше многу храброст да се снима, бидејќи пред свадбата полицајци ги посетуваа куќите и го предупредуваа населението за забраната.

Инаку, рускиот претседател Владимир Путин лично му честиташе на Ахмат Кадиров, едно од 14-те деца на Кадиров, на венчавката .

Како што беше објавено во септември 2022 година, Сергеј Кравцов, рускиот министер за образование, ја поддржа иницијативата за назначување на тогаш 16-годишниот Ахмат Кадиров за шеф на советот за деца и млади „Движење на првите“. Министерот Кравцов тогаш вети дека ќе го поддржи Кадиров помладиот на секој можен начин.

По назначувањето, Ахмат се сретна и со Путин, за што објави на неговиот канал Телеграм.

„Тоа беше неофицијален состанок на кој внукот на првиот претседател на Чеченија разговараше со Путин за политиката кон младите во тој регион“, се вели во објавата.

На крајот од средбата Путин му честиташе на Кадиров за претстојната венчавка.

Патем, во Северен Кавказ сè уште постои обичај да се венчаат на многу млада возраст. Иако малолетниците не можат да стапат во брак според руските прописи, локалните власти можат да одобруваат бракови уште на 16-годишна возраст. Но, во Чеченија сè уште има случаи на брак на 14-годишна возраст.