Тајсон: Не можев да го победам Али, никако

Мaјк Тајсон некогаш важеше за еден од најстрашните ударници во историјата на боксот, а многумина го сметаат за најопасниот борец во неговата генерација. На својот врв, тој инспирираше страв кај своите противници благодарение на неговата неверојатна комбинација на агресија и ударна моќ. По него никогаш не се појави боксер со исти физички карактеристики кој на сличен начин би доминирал со големите тешкаши.

Во своите најдобри години, Мајк беше специјална сила во рингот, а снимките од неговите спектакуларни нокаути и денес се исклучително популарни. Сепак, иако се смета за еден од најголемите, Тајсон призна дека имало еден боксер кој би го победил дури и на врвот на кариерата – Мухамед Али.

“Нема човек како него, едноставно нема. Сè што имаме, тој е оној кој ни го всадил. Беше вистинско животно, повеќе личеше на модел отколку на боксер”, изјави Тајсон во интервју за Thisis50.

„Тој ќе те одведе во длабоки води, а потоа ќе те удави таму“

“Тој е како Т-Рекс со убаво лице, беше злобен и лош, ќе те одведе во длабока вода, а потоа ќе те удавеше таму. Беше толку посебен. Најдобар. Никој не може да го победи Али. Дури и во моите најдобри денови. Не можев да го победам, никако”, додал Тајсон.

Мухамед Али сè уште го сметаат за најдобриот боксер на сите времиња. Не е невообичаено поранешните шампиони и боксерски легенди да му оддаваат почит, истакнувајќи го како свој идол. Тој беше револуционерен борец во своето време, внесувајќи нешто сосема ново во спортот и инспирирајќи генерации боксери и тренери да ги следат неговите стапки.