Тајфунот Коину усмрти едно лице на Тајван

Најмалку едно лице загина, а над 300 се повредени откако тајфунот Коину денеска го погоди јужниот дел на Тајван.

Поради тајфунот, кој донесе силен дожд и ветер, училиштата и компаниите се затворени.

Едно лице загина во централниот град Тајчунг, а најмалку 304 се повредени низ островот, соопшти тајванската противпожарна служба.