ФОТО | ЛАТИНО АКТЕРКАТА ТОТАЛНО СЕ ОПУШТИ ПО РАЗВОДОТ – Софија Вергара изненади со разголена фотографија од хотелска соба

На задоволство на многубројните обожаватели, Софија Вергара, објави гола фотографија без шминка додека се релаксира во када.

Познатата актерка и жири во шоуто „America’s Got Talent“ сподели атрактивно селфи на социјалната мрежа Инстаграм, на кое се одмора во прекрасна мермерна када во хотелот „Bulgari“ во Париз, а објавата можете да ја погледнете ОВДЕ.

Планирам како да ја донесам оваа када во ЛА“, напиша таа во описот на фотографијата, нагласувајќи дека е уморна од патувањето со авион и промената на временските зони.

51-годишната актерка изгледаше свежо со собрана коса додека нежно се насмевна пред камерата. Следбениците на ѕвездата од серијата „Modern Family“ ја преплавија со коментари полни со комплименти за убавата актерка.

Инаку, Софија Вергара отпатува во Париз за да присуствува на култната модна недела, а дел од вечерното дружење го сподели со нејзината пријателка, дизајнерката Валентина Микети.

Имено, Софија Вергара заминала во Франција среде разводот со Џо Манганиело. За потсетување, отуѓената двојка објави дека става крај на седумгодишниот брак во јули.