ТАЈФУН ДОКСУРИ ГО ПОГОДИ СЕВЕРОТ НА ФИЛИПИНИ: Евакуирани 12.000 луѓе, ветер дувал 175 километри на час

Околу 12.000 луѓе беа евакуирани пред налетот на тајфунот Доксури, кој утринава ги погоди северните делови на Филипините.

Невремето со ветрови кои достигнаа брзина од 175 километри на час, собори дрвја.

Делови од загрозената област останаа без струја.

Супертајфунот Доксури вчера го премина Тихиот Океан, но ослабна додека се приближуваше кон Филипините.