ТАЏИКИСТАНЕЦОТ ИЗДАВА НАРАДБИ И СО НОЖ ГИ ЛИКВИДИРА РАНЕТИТЕ! Се појави ЦЕЛАТА СНИМКА од ужасите во Москва: Влезете и убијте ги без милост (ВИДЕО)
На страшната снимка од терористичкиот напад во Москва што ја објави Исламската држава, јасно се гледа дека осомничениот државјанин на Таџикистан им дава наредби на другите членови на групата!
Исламската држава, да потсетиме, објави грозоморно видео, снимено од камерата на еден од терористите, на кое се гледаат како невини луѓе се убиваат со огнено оружје од непосредна близина.
На видеото кое сега е целосно објавено на социјалните мрежи се гледа како Далерјон Мирзоев се приближува и му наредува на еден од терористите да влезе во ходникот и да ги убие мажите и жените кои се криеле зад вратата.
– Убијте ги без милост – се слуша на снимката што ја објави новинската агенција на Исламската држава Асак.
— Pluton (@Pluton45873221) March 24, 2024
Терористичкиот водач потоа му приоѓа на еден од ранетите, кој лежи неподвижен, а потоа неколку пати му поминува со ножот низ грлото. Наоколу се гледаат телата на жртвите.
Терористите потоа мирно излегуваат од салата.
Руската телевизија прикажа и анимација од нападот, кој започнал околу 19 часот и 50 минути кога терористите скокнале од автомобилот и преку еден од споредните влезови влегле во концертната сала.
— Pluton (@Pluton45873221) March 24, 2024
Убивајќи ги сите на патот, тие во 20 часот и 3 минути стигнале до концертната сала, каде ја продолжиле крвавата драма и ја запалиле салата. Камерата снимила дека се вратиле во автомобилот во 20:13 часот, по што побегнале.
Сите четворица напаѓачи се уапсени во саботата околу 3 часот наутро додека бегале кон границата со Украина.
Тие се обвинети за тероризам и им се заканува доживотен затвор.