Теа Таировиќ разменувала ,,сочни” бакнежи со овој фудбалер! (фото)

Една од најпопуларните пејачки на овие простори, Теа Таировиќ, неодамна го одржа својот прв солистички концерт во Ташмајдан пред повеќе од 10.000 луѓе.

Од кога се појави во јавноста, нејзиниот љубовен живот ја заинтригира јавноста, па често се шпекулира кој е мажот кој го освоил срцето на згодната Новасаѓанка.

Сега на интернет се појавија фотографии на кои атрактивната пејачка е во прегратка на српски репрезентативец. Станува збор за Урош Рачиќ кој и официјално е играч на Валенсија.

Вниманието на сите го привлече положбата на неговите раце околу нејзината половина, а имаше и сочен бакнеж во образот, кој натера многумина да помислат дека младиот фудбалер фрлил око на згодната пејачка.

Фотографиите се направени на приватна прослава на која пеела Теа, а меѓу гостите бил и Урош. Толку бил маѓепсан од пејачката што ја опсипал со евра и нарачувал песни цела вечер.

Дека Урош е „слаб“ за пејачките говори и тоа што до неодамна беше во врска со Ема Радујко, која го посети во Шпанија и Португалија, каде беше на позајмица.

По тој повод, претставници на локалните медиуми стапиле во контакт со пејачката.

– Нема ништо меѓу нас. Му пеам на неговото семејство, но и на него. Сето тоа е дел од мојата работа, ништо ново – рекла Теа.

Да потсетиме, неодамна се шпекулираше дека Теа е во емотивна врска со бизнисмен кој се занимава со криптовалути.