ТЕЖЕЛА 197 КГ, СЕГА СЕ ПРЕПОЛОВИЛА: „Бев преголема за да седам во ресторан“, а тврди дека тоа и било мотив

Анастасија Морис (32) од Велс, рече дека порано била „преголема“ за какво било возење во забавен парк, па го прославила слабеењето со одење во Дизниленд.

Гастро бајпас хирургија

Минатата година, откако достигна тежина од 197 килограми, најголемата тежина што можеше да се забележи на нејзината домашна вага, таа решила да направи промена . Таа сакала да оди на возења во забавен парк и да ужива во еднодневните патувања со Јуан, нејзиниот дванаесетгодишен син, па реши да направи операција на гастричен бајпас во август 2023 година.

Анастасија

Големо губење на тежината

Во првиот месец ослабела 22 килограми, а девет месеци подоцна 74 килограми . Таа сега тежи 125 килограми и носи големина 22. Среќна е што сега без проблем може да се мери на домашната вага и со нетрпение го очекува планираното слабеење од уште 60 килограми за да ја достигне целната тежина.

„Се сеќавам дека секогаш мислев – што ќе јадам следно? Откако го родив синот, мојата тежина продолжи да се зголемува. Дојде до тој степен што едвај одев – бев преголема за возење во забавен парк и јас неможев да седам на клупи во рестораните “, се сеќава Анастасија.

Анастасија

Како што вели таа, порано се чувствувала како само да „постои“, но сега слабеењето целосно и го променило животот.

“Можам да одам на еднодневни патувања со моето семејство и да пешачам со километри. Единствено жалам што не се оперирав порано”, споделила Анастасија.

Нема повеќе вознемиреност

Анастасија тврди дека не била на возење во забавен парк од својата 15-та година. Таа, исто така, се сеќава како секогаш можела да гледа како нејзиниот син јава со својот татко.

Анастасија

„Се што сакав беше да купувам во обични продавници за облека и да одам во забавен парк со мојот син. Сега можам. Отидовме во Дизниленд во април, пешачев по цел ден и одев на секое возење со мојот син додала дека исто така веќе нема постојана вознемиреност дали ќе се вклопи во седиштето или дали столот ќе пукне под неа.