„ТЕЛАТА ВИСЕА ПРЕКУ ХАУБАТА, СРБИТЕ НЕ МОЖЕА ДА ИЗЛЕЗАТ ОД АВТОБУС“ Исповед на НАШ СОГРАЃАНИН кој случајно се нашол на патот кај Евзони

Патниците од српскиот автобус не можеле да излезат додека не пристигнала брзата помош. Паднаа во ендек, но не многу длабок, вели наш сограѓанин

Четири лица загинаа утрово во страшна сообраќајна несреќа во која учествувале автобус со нишки регистарски таблички и автомобил, што се случи утринава, нешто пред 07:00 часот, на 521-от километар од магистралниот пат Атина-Солун, во близина на областа Поликастро кај Излез од Евзони.

Како што раскажал еден од очевидците, глетката била страшна, а над хаубата на автомобилот виселе две тела.

Солун, Сообраќајна несреќа, автобус, верижен судар

Еден од очевидците, наш сограѓанин, кој утринава се враќал дома од Кушадаси, нашол сообраќајна несреќа на патот што го потресе регионот. Имено, како што објасни тој, на местото на настанот пристигнал малку откако се случила несреќата и таму видел страшна глетка. Вели дека му е тешко да се сети.

– Беше страшно, се уште сум во шок. Едното возило беше на сред пат, целосно згмечено, а од него над хаубата висеа две тела, најверојатно возачот и сопатникот.

Патниците од српскиот автобус не можеа да излезат додека не пристигна брзата помош. Паднаа во ендек, но не премногу длабоко – рекол соговорникот.

Во сообраќајната несреќа учествувале двокатен туристички автобус со српски регистарски таблички и 78 патници, кој директно се судрил со автомобил со четворица патници.

Четворица сопатници од автомобилот загинаа. Набргу откако автобусот се судрил со возилото, друг автомобил удрил во возилото.