Телото на киднапираниот политичар пронајдено во морничава состојба: Ужас пред избори, земен среде кампања, насилно фрлен во возило

Опозицискиот активист во Зимбабве , кој беше киднапиран за време на викендот среде политичка кампања, е пронајден мртов.

Телото на Тапфуманеи Масаја е пронајдено во распадната состојба на периферијата на главниот град Хараре.

– Бараме полицијата да го истражи ова грозоморно злосторство и да ги изведе сторителите пред лицето на правдата – соопштија од неговата партија ,,Граѓанска коалиција за промени”.

Полицијата потврди дека го пронашла телото, но рече дека идентитетот допрва треба да се утврди и повеќе детали ќе бидат објавени подоцна.

,,Граѓанската коалиција за промени” вели дека Масаи бил принуден да влезе во возило од вооружени лица во саботата додека тој водеше кампања за кандидатот на партијата пред изборите на 9 декември.

Вонредните избори се одржуваат по контроверзното отповикување на членовите на партијата. Повеќе од десетина пратеници од опозицијата ги загубија своите позиции откако функционер, кој се претстави како привремен генерален секретар на партијата, рече дека пратениците повеќе не се членови.

– Импичментот на избраните членови резултираше со смрт на нашиот шампион на промени – наведуваат од партојата.

Смртта на активистот, според Би-Би-Си, следи по моделот на киднапирања на опозициски политичари и активисти за човекови права во Зимбабве. ,,Граѓанската коалиција за промени” ги обвини државните агенти за насилството врз членовите на партијата, но владејачката партија Зану-ПФ тоа го негираше.