Веста дека познатиот летонски кошаркар Јанис Тима се самоуби во Москва го шокираше светот . Тима наводно си го одзел животот поради разводот со пејачката Ана Седокова, а по трагедијата што се случи пред седум дена, неговото тело се уште стои во мртовечница.
Според вестите од Летонија, телото на Јанис Тајм долго ќе биде во Русија и големо прашање е кога ќе се одржи погребот, а сето тоа поради бизарна причина – бирократија. Никој не знае каде се наоѓа пасошот на поранешниот латвиски репрезентативец, а ќе треба да се собере голема количина документација пред некој да може да го земе телото.
Претпоставката од летонските медиуми е дека никој од семејството не сака да се огласи додека не завршат документите и некој од семејството не седне да разговара со неговата поранешна сопруга Ана Седокова.
Да потсетиме, Јанис Тима е поранешен репрезентативец на Летонија кој кариерата ја започна во Рига, а настапуваше и за бројни клубови во Европа како Олимпијакос, Басконија, Химки и Уникс. Беше драфтуван и во НБА, каде играше во летната лига за Орландо, но не доби договор.