Тениската легенда удри по Ѓоковиќ: „Огнот згасна, нема фокус, сè му подреди на златото на ОИ“, еве што предвидува дека ќе се случи со неговата кариера
Тениската легенда Мартина Навратилова откри дека не била „изненадена“ дека Новак Ѓоковиќ бил елиминиран толку рано на Отвореното првенство на САД во 2024 година, бидејќи верува дека Србинот немал „фокус и оган“.
Шампионот и освојувач на 18 Грен слем титули изрази сомнеж дали Ѓоковиќ може да остане мотивиран и тврди дека треба да игра „малку повеќе отколку што играл досега“.
– Се подреди на златниот олимписки медал и тоа го направи. Затоа и не ме чуди што толку брзо беше елиминиран на УС Опен, имаше многу малку време за опоравување и подготовка. Од самиот почеток беше јасно дека нема фокус, нема оган што изгасна – рече Навратилова и додаде:
– Не е машина Новак, се случуваат вакви падови. Кога имате лош ден, многу потешко е да го преживеете на 37, отколку на, да речеме, 25 – додаде Навратилова.
Навратилова смета дека на Новак нема да му биде лесно.
– Сè станува потешко, трае подолго. Опоравување од напорни тренинзи, опоравување од повреда. Сакате помалку да тренирате, но тогаш сте во полоша форма. Не гледам како може да остане мотивиран. Ако може некој, тоа е тој, но мора да игра малку повеќе отколку што играше. Ако немате натпревари, ја губите рутината. Не можеш само да тренираш – заклучи Навратилова.
Да потсетиме, обидот на Ѓоковиќ да ја одбрани титулата на УС Опен заврши со пораз во четири сета од светскиот рекет број 28, Алекс Попирин, во третото коло. Ова е прва сезона во која Новак нема освоена грен слем титула од 2017 година.