Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег, изјави дека продолжувањето на договорот на напаѓачот Маркус Рашфорд е приоритет за клубот.
-Се разбира, ова е наш приоритет. Работиме на ситуацијата и треба да го задржиме Маркус. Сега се чувствува одлично, задоволни сме од неговата игра. Мислам дека сега Рашфорд е среќен, како и целата наша соблекувална, го цитира Тен Хаг „Скај Спортс“.
Рашфорд постигна 22 гола и осум асистенции на 35 натпревари за тимот во сите натпреварувања во сезоната 2022/23.
Актуелниот договор на 25-годишниот Англичанец со клубот од „Олд Трафорд“ е со важност до крајот на јуни 2024 година.