Теодора продолжува да провоцира! Се одлучила за нова тетоважа, а местото кое го одбрала е многу провокативно (фото)
Пејачката Теодора Џехверовиќ сака да експериментира со својот изглед. Не и’ се непознати естетските зафати, новите фризури, но и тетоважите.
Таа веќе има неколку од нив на себе, а сега преку мрежите откри дека планира да го украси своето тело со уште една тетоважа.

Теодора сега со своите обожаватели сподели дека планира нова тетоважа како и провокативното место каде планира да ја направи.
– Мислам дека знам што е следно – напиша пејачката со сликата од тетоважата веднаш над задникот и со натпис:
– Твој сум.
Да потсетиме, Теодора од недела во недела постојано влегува во нови естрадни конфликти со колегите. Така, на ред дојде Десингерица откако ја ,,реши” Ема Радујко.