Теодора ја покажа куќата во која порасна: Го посетила родното место и сподели емотивна приказна: Овде сонував големи соништа! (фото)

Теодора Џехверовиќ помина трнлив пат за да стане една од најбараните и најслушаните млади изведувачи на денешницата.

Публиката првпат ја виде во „Zvezde Granda“ потоа беше дел од групата „Đavolice“ која набрзо се распадна, а потоа се приклучи на „Задруга 1“ каде многумина ја сакаа.

Џехви, како што многумина ја нарекуваат, пораснала во Војводина, Качарево, и уште од мала сакала да стане ѕвезда.

Таа на своите следбеници им покажа како изгледа куќата во која го поминала детството и постојано ,,изведувала концерти” за своето семејство.

– Местото каде што пораснав. Качарево. Куќата во која живеев и сонував големи соништа. Ова беше терасата на која имав „концерти“ секој ден. Тука ги зажислував моите настапи и луѓе долу кои ме сакаат и поддржуваат – напиша Теодора.

Да потсетиме, пејачката неодамна купила стан во Белград каде што требало да живее со тогашното момче Нино, но по раскинувањето со Теодора останала да живее сама во тој стан.