Теодора Џехверовиќ се промени! Долго ја криеше својата трансформација, а сега се појави слика која ги изненади сите (ФОТО)

Теодора Џехверовиќ напорно работи на подготовката на својот нов албум, а сега со своите соработници отпатува на Кипар за да снима спотови за новите песни таму.

Теодора оттаму ги контактираше своите фанови, а на нивните прашања реши да одговори преку својот Инстаграм профил.

Теодора Џехверовиќ

Во таа прилика, атрактивната пејачка откри и дека драстично го променила својот физички изглед , а долгата светла коса, по која е препознатлива, ја обоила во потемни тонови.

„Дали ја бојадисавте косата, дали ви е доста од посветлата коса? Која боја на коса ќе ја искористите за да го промовирате албумот? “, праша еден обожавател.

„Косата никогаш не ми била потемна. Сакам албумот да го промовирам со оваа боја“, одговорила Теодора.