ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР ИЛИ ВИСТИНА !? Познат експерт од Русија е убеден дека Евгениј Пригожин е жив: “Владимир Путин е свесен за тоа!“

Поранешниот лидер на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, можеби всушност не е мртов одосно тој наводно е сè уште жив и ја заговара односно подготвува смртта на претседателот на Русија, Владимир Путин, пишува Daily Star.

Бизарното тврдење доаѓа од рускиот експерт Валери Соловеј по помалку од една недела откако Русија потврди дека ДНК на Евгениј Пригожин е пронајдена на местото на авионската несреќа. Евгениј Пригожин, порано познат како „готвачот на Владимир Путин“, беше еден од 10-те луѓе кои загинаа кога неговиот приватен авион Embraer Legacy 600 се урна на земја на летот меѓу Санкт Петербург и Москва.

Местото на несреќата каде загина Евгениј Пригожин

Оттогаш следеа гласини за експлозија во авионот, а смртта на 62-годишникот беше официјално потврдена по генетско тестирање. И покрај оваа потврда, експертот Валери Соловеј го изнесе бизарното тврдење дека тој всушност не е мртов.

Поранешен професор на престижниот Институт за меѓународни односи во Москва вели: „Прво, авионот во кој требаше да лета Евгениј Пригожин беше соборен од рускиот систем за против-воздушна одбрана – во него немаше експлозија. Тој беше соборен однадвор“, тврди тој и додава:„Самиот Евгениј Пригожин не беше во авионот. Неговиот двојник полета на негово место – Владимир Путин е совршено свесен за тоа.‌ Ако верувате во официјалните изјави на руските власти, тогаш што можам да кажам повеќе…?“.

Валери Соловеј вели и дека ќе ја открие наводната земја на егзил на Евгениј Пригожин на почетокот на следниот месец, но негираше дека станува збор за Африка, каде приватната платеничка група Вагнер има повеќе интереси.

Сепак, Евгениј Пригожин – кој беше погребан и на чиј погреб Владимир Путин не сакаше да присуствува – имаше намера односно навестуваше да се појави до крајот на оваа година повторно на сцената. 

Во разговор за Daily Star неколку часа по падот на авионот на Евгениј Пригожин, меѓународниот воен експерт и професор Ентони Глис ги откри своите размислувања за смртта на водачот на Вагнер.

Ако Евгениј Пригожин е мртов, тогаш Русија навистина повторно ќе се распадне“, вели тој и додава: „Ако тој не е мртов, тоа би била измама на векот и затоа мислам дека можеме да претпоставиме дека е мртов“.

Некои рекоа дека по неуспешниот бунт, Евгениј Пригожин бил ‘мртовец што оди’, но во вистинска смисла, Владимир Путин бил еден вид ‘мртовец што оди’ се додека Евгениј Пригожин имал огромно влијание. Се сомневам дека Владимир Путин имал разузнавачки информации дека Евгениј Пригожин планирал нов државен удар против него“, заклучил експертот Ентони Глис.