ТЕПАЧКА ВО ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО! Политичар нападна новинар, телохранителите влетаа и (и)згазија човек среде емисија (ВИДЕО)
Во емисија на либанската телевизија МТВ дошло до жестока тепачка меѓу поранешен владин министер и новинар.
Водителот на ток-шоуто „Време беше“ Марсел Ганем беше домаќин на поранешниот министер Виам Вахаб, познат по неговите блиски врски со Хезболах, односно новинарот Симон Абу Фадел, чии ставови често се поклопуваат со ривалската партија на либанските сили.
На тепачката во програмата во живо и претходеше дискусија за американските санкции наметнати на Вахаб и моментот кога Фадел рече дека „САД ги дисциплинираат Либанците“.
Вахаб потоа го нападнал новинарот, а неговите телохранители од публиката веднаш влетале внатре. Фадел падна на подот додека неколкумина непрекинато го удираа со тупаници додека не беше прекинат преносот.
Припадниците на либанските вооружени сили пристигнаа во просториите на телевизијата за да ја преземат контролата над ситуацијата. Емитувањето подоцна продолжи, при што Вахаб им се извини на гледачите пред да го замоли Ганем да замине.
Она што ми се случи пред малку не е ништо друго туку дел од она што им се случи на некои чесни луѓе кои ја платија цената за своите ставови – изјави Фадел пред камерата откако се појави со модринки на лицето и устата.