Тепачка меѓу затвореници во Идризово, повредени двајца полицајци

Од комплексот клиники „Мајка Тереза“ вчера напладне во СВР Скопје било пријавено дека со повреди се донесени две лица (работници во Затвор Идризова).

Според соопштението, по нарушувањето на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу затворениците, при интервенција на затворските полицајци, тие биле физички нападнати од осудениот Д.Н.(26) каде исто така биле повредени.

Надлежните велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.