ТЕПАЧКА ПОРАДИ ЌЕБАПИ! Девојката не сакала да ги јаде, потоа ТОЈ почнал да ја влече и турка, па се ЕСКАЛИРАЛО
Почна да ја влече и турка девојката.
Младиот пар стана хит во Хрватска откако се појави веста дека младиот човек се скарал и се степал со својата девојка бидејќи таа не сакала да оди со него на ќебапи.
Мажот сакал да јаде ќебапи во својот омилен ресторан, а кога девојката не го прифатила тој избор, настанала вистинска драма.
Настана хаос поради ќебапите
Тој врескал на паркингот пред локалот, па почнал да ја влече и турка девојката.
– Признавам, навистина бев лут поради тоа – рекол младиот човек.
Се огласи готвачот во ќебапчилницата
Меѓутоа, по скандалот се огласил познатиот готвач Дује Пишиќ кој работи во тој ресторан кој имал интересна понуда за младиот човек.
Готвачот рече дека ако младиот човек се огласи, ќе му даде подарок картичка, но под еден услов.
– Го чека подарок картичка во мојот ресторан само ако никогаш повеќе во животот не го крене гласот на ниту една жена – кратко изјавил сопственикот на култната сплитска ќебапчилница.
Можеби младото момче сепак ќе се јави и конечно ќе ужива во омилените ќебапи со својата девојка.