ТЕРАЊЕ ИНАЕТ ВО БЕЛГРАД – Плавуша седнала на баба во автобус. Се правда дека ја болат стапалата на високи потпетици (ВИДЕО)
На социјалните мрежи се шири бизарна снимка од инцидентот од белградскиот трамвај кој се случил вчера околу 17 часот.
Поради немањето празни седишта, една девојка во високи потпетици решила да седне на баба бидејќи ја болат нозете. Таа седнала на бабата и не сакала да се помрдне, без разлика што бабата ја молела да стане од неа.
Расправијата ескалирала, а налутената старица ги замолила своите сопатници да го снимат бизарниот инцидент. Ситуацијата се смирила кога жената на седиштето зад постарата жена и го понудила своето место на плавушата.
Бурни реакции
Видеото е прегледано повеќе од 11.000 пати, а коментарите постојано доаѓаат.
“Колку некултура, непочитување. И дали ја болат стапалата на бабата? Затоа не ги соблече штиклите, нема да ја болат”, напиша некој.
„Можеше да замоли некој да застане за неа ако е уморна и ако ја болат нозете. Но, овој настап е блам! додаде уште еден.