„ТЕРОРИСТИТЕ НЕМААТ НАЦИОНАЛНОСТ, НИ ТАТКОВИНА НИ ВЕРА“: Таџикистанскиот претседател Рахман со порака до Путин

Таџикистанскиот претседател Емомали Рахман во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин му кажал дека „терористите немаат националност“.

Претходно руските медиуми објавија дека сите четворица напаѓачи кои во петокот убија 133 лица во Москва се државјани на Таџикистан.

Рахман остро го осуди „суровиот и крвав напад“ и кажа дека „терористите немаат националност, ни татковина, ни вера“, соопшти таџикистанското претседателство.

Русија вчера соопшти дека се уапсени 11 лица, вклучително и четворицата директни напаѓачи во концертната сала во предградието на Москва, и дека сите се странски државјани.

Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката организација Исламска држава (ИД).

„Во овој момент на национална жалост во Русија, шефот на државата Таџикистан ја истакна солидарноста на сите граѓани на Таџикистан со рускиот народ“, соопшти прес-службата на таџикистанското претседателство