Тесен пораз на македонските одбојкари од Јапонија

 Македонската одбојкарска репрезентација загуби синоќа во Кавадарци од Јапонија со 3-2 во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство.

По триумфите над Романија и над Израел, за македонската репрезентација ова беше прв пораз во подготвителниот период за ЕП во Скопје.

Првиот сет го доби ривалот со 25:23, во вториот доминираа македонските одбојкари со 25:17, по што го добија и третиот сет со 32:30, но Јапонија направи пресврт со 25:23 и со 15:13, за конечни 3-2 во сетови.

За македонските одбојкари денеска е слободен ден на турнирот во Кавадарци, каде в недела уште еднаш ќе ги одмерат силите со Израелците