Добро погледнете ја фотографијата и запомнете што сте виделе
Оптичките илузии можат да откријат многу за нашата личност, за што често не сме свесни. На истата фотографија или илустрација, некој ќе види еден симбол, а некој друг.
Таков е случајот со фотографијата која на социјалната мрежа „ТикТок“ ја сподели Миа Илин, со прашањето: „Што прво гледате на сликата?“
Следбениците веднаш се поделија на два табора – некои ја видоа мачката, а некои кафето.
Миа откри и дека зад овие симболи стојат одговорите на тоа дали ги потиснувате вашите грижи и кој е вашиот најголем страв.
Ако сте виделе кафе…
Вие сте многу независна и силна личност која не сака да бара помош од другите . Исто така, не можете да поднесете директна критика и вашиот најголем страв е да не се засрамите пред другите.
Кога станува збор за емотивните врски, вие сте рационални и логични. Секогаш знаете што сакате и сте добар судија за другите луѓе. Никој не може да ве „купи“ со муабет.
Ако сте виделе мачка…
Изгледате среќни, но всушност чувате многу проблеми закопани длабоко во себе. Луѓето лесно ве нервираат, а вие ги потиснувате грижите и гневот.
Во љубовта сте многу романтични и подготвени да му попуштите на партнерот, но доколку ве изневери или ја премине границата, нема да простите ниту да заборавите. Токму ова е вашиот најголем страв – саканата личност да не ве изневери.