ТЕТОВАЖАТА НА ПУТИН МОЖЕ ДА ЈА ОДНЕСЕ ВО ЗАТВОР: Ова е девојката која ја критикуваше руската војска, заврши на списокот ТЕРОРИСТИ (ФОТО)
Руска тинејџерка се соочува со неколкугодишна затворска казна поради објава на социјалните мрежи во која ја критикува војната во Украина.
Олесија Кривцова на едниот зглоб има тетоважа против рускиот претседател Владимир Путин, а на другиот нанолег кој го следи секој нејзин чекор.
19-годишната од руската област Архангелск мора да го носи уредот додека е во домашен притвор, откако беше обвинета поради објави на социјалните мрежи за кои властите велат дека ја дискредитираат руската војска и го оправдуваат тероризмот.
Руските власти отидоа дотаму што ја ставија на листата на најбарани терористи и екстремисти.