Тетово и Кавадари вечерва со најзагаден воздух

Податоците на мерните станици на загаденоста на воздухот на Министерството за животна средина покажуваат дека во текот на попладневните часови најзагадени градови во Македонија се Тетово и Кавадари.

Во овие два града воздухот е многу загаден, додека Гостивар, Кичево, Битола и Скопје се умерено загадени.

Во другите градови воздухот е помалку загаден, а состојбата со загадениот воздух се менува од час во час.

Инаку, Скопје деновиве беше меѓу градовите со загаден воздух во светот, додека проблемот опстојува со години, особено во зимската сезона.