ТЕШКА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА НА АКТЕРКАТА КОЈА МАКЕДОНИЈА МНОГУ ЈА САКАШЕ: Повторно има РАК, изгубила се во пожар, ги тепала дечкото и колегите
Животната приказна на актерката Шенон Доерти – таа вторпат боледува од рак, изгубила се во пожар, а имала огромни проблеми со колегите и мажите, дури и тепачки!
Шенон Доерти е американска актерка позната по серијата „Беверли Хилс“ која цела поранешна Југославија ја сакаше. Нејзината животна приказна не беше лесна, а на денот кога го слави својот 52 роденден, ве потсетуваме на најинтересните моменти од нејзината кариера и тешките битки кои ги водела.
Шенон ја започна својата кариера како дете, а на 11 години глумеше во хит серијата Little House on the Prairie. По неколкуте улоги во серии и филмови, како тинејџерка доби улога во „Беверли Хилс“, една од најпопуларните серии од деведесеттите, која беше масовно гледана и во Македонија. Во тимот беа вклучени и Џејсон Присли, Лук Пери, Џени Гарт, Тори Спелинг и други.
Беше популарна тинејџерка на малите екрани, но на сетот беше „страшна“, открија нејзините колешки од серијата. Таа постојано доцнеше и се однесуваше како дива, изјави еднаш продуцентот на „Беверли Хилс“, Дарен Стар. Актерката Џени Гарт, која ја играше Кели во серијата, потврди дека таа и Шенон „често сакале да си ги извадат очите“ .
Три години по шоуто, Шенон и Џени се степаа пред екипата. И двате потврдија дека инцидентот се случил, а Шенон Доерти изјави дека била „под притисок на славата“. Гарт рече дека тепачката се случила, но за сето тоа ја обвини незрелоста и потврди дека набрзо по инцидентот се помириле.
Во декември 1993 година, таа за прв пат позираше гола за Плејбој. Таа се појави уште два пати во ова машко списание. Претходно истата година таа објави дека се мажи за наследникот на империјата „Макс Фактор“, Дин Џеј Фактор. Но, тој набрзо ја раскина свршувачката, тврдејќи дека Шенон го претепала , иако нејзиниот татко го негираше тоа и рече дека Дин бил насилникот, а не неговата ќерка. Истата година се омажи за Ешли Хамилтон и се разведе само неколку месеци подоцна.
Шенон се омажи уште двапати, во 2002 година со професионалниот покер играч Рик Саломон и во 2011 година со фотографот Курт Исвариенко.
Во доцните деведесетти, Шенон доби улога во серијата “Charmed“, за сестрите кои се вештерки. Но и тој проект го одбележаа нејзините проблеми со колешките. Таа ја напушти серијата по три сезони, исто како и „Беверли Хилс“, поради несогласувања со актерката Алиса Милано.
Шенон Доерти е една од познатите личности кои ги загубија своите домови во страшниот пожар што ја зафати Калифорнија во 2018 година.
Актерката првпат откри во 1999 година дека и била дијагностицирана Кронова болест , воспалителна болест на цревата чии симптоми се болка, дијареа која може да биде крвава, треска и ненадејно губење на тежината. Но, во март 2015 година, таа доби уште потешка вест – и беше дијагностициран рак на дојка и почна да се лекува.
Една година подоцна, и беше отстранета едната града и беше подложена на третмани со зрачење, како и хемотерапија. Таа објави дека ракот исчезнал во 2017 година, но во 2020 година објави дека ракот се вратил и е во четврта фаза.
“Ракот стана дел од мојот живот. Имам одговорност да ја ширам свеста за него и да ги едуцирам луѓето. Да им објаснам дека некој со рак во четврта фаза може да биде жив и активен. Мојот сопруг вели дека никогаш не би рекол дека имам рак, никогаш не се жалам“, рече таа во едно интервју.