Тешка животна приказна! Прекарот Тозовац крие тајна, а за трагедијата од детството никогаш не можел да зборува!

Предраг Живковиќ Тозовац почина пред две години, а многумина не знаат ни како го добил прекарот.

Композиторпт и легендата на народната музика и Предраг Живковиќ Тозовац беше високо признат во светот на музиката. Своевремено се открило за неговото тешко детство, а како што можел и самиот да истакне, имало период од неговиот живот кога и самиот не знаел како успеал да преживее.

Таткото на Тозовец се викал Светозар, а мајка му Будимка. Светозар бил хармоникаш кој сите го познавале по прекарот Тоза. Оттука потекнува прекарот на пејачот – Тозовац.

Во тоа време тој беше познат хармоникаш и водеше кафана во Матарушка Бања, каде малиот Предраг често го поминуваше времето слушајќи стари народни песни. Покрај усна хармоника, Предраг за да заработи научил да свири на тапани и труба, а првите песни ги снимил во 1965 година.

Неговата голема популарност започнува во 1971 година, но во 1972 година ја снимил песната „Jeremija“, која тогашните комунистички власти ја класифицирале како четничка песна, поради што морал да се засолни кај пријател во Германија.

Кога по две години се вратил во Србија, властите му го одзеле пасошот. Покрај тоа, тој остана миленик на публиката и продолжи да им пее на сите оние кои го сакаат.

Најпознат е по песните „Tražiću ljubav novu“, „Vlajna“, „Jesen u mom sokaku“, „Mirjana“, „Ti si me čekala“, „Violino ne sviraj“, „Ovamo Cigani“, „Oči jedne žene“, „Prazna čaša“ и други.