ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО БЕЛГРАД: Автомобил помина на црвено светло и удри во автобус! Возачот е извлечен од уништеното возило (ФОТО)

Вечерва околу 23 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во Карабурма.

Како што пренесуваат српските медиуми, на аголот на улиците Вишњичка и Војвода Мик Крстиќ се судриле автомобил и автобус. Автомобилот „прелетал“ на црвено светло и удрил во возило ГСП.

Од силината на ударот автомобилот неколку пати се превртел и завршил на „островот“.

Возилото е целосно уништено, а возачот е повреден и не може да излезе. Луѓето се обидуваат да му помогнат.

Сите патници во автобусот се добро, но во состојба на шок.

Брзата помош пристигнала брзо.