Играчот на Сан Франциско 49ерс, Рики Персал, беше застрелан во градите оваа сабота во центарот на Сан Франциско.
Според странските медиуми, тој бил застрелан во градите при обид за грабеж во центарот на Сан Франциско. Персал е во сериозна, но стабилна состојба, потврдија од клубот.
Според информациите од полициската управа во Сан Франциско, 17-годишно момче се обидело да го ограби Персал додека се движел сам околу 15 часот и 30 минути по локално време. При пресметката двајцата се повредени.
Началникот на полицијата Вилијам Скот на прес-конференција рече дека осомничениот испукал повеќе истрели, погодувајќи и Персал и себе.
– Осомничениот пукал неколку пати, удирајќи го и господинот Персал и себеси. Веруваме дека ова е обид за грабеж и прилично сме сигурни за тоа. Се чини дека осомничениот делувал сам, а во престрелката било употребено само едно оружје и истото е пронајдено.
Тој ќе биде обвинет пред судот за малолетници, рече окружниот обвинител Брук Џенкинс. Одлуката за обвиненијата ќе биде донесена до вторник или среда.
Полицијата се уште го истражува мотивот за нападот, но засега нема индикации дека Пирсал бил мета поради неговата професионална кариера. Употребено е само едно оружје и истото е пронајдено, а се сомневаат дека пријавениот дејствувал сам.
Исто така, Пирсал бил доволно стабилен за да разговара со полицијата, но истрагата е во тек и полицијата ќе проверува за дополнителни детали. Градоначалникот на Сан Франциско, Лондон Брид, го опиша обидот за грабеж како „ужасен и ретко виден инцидент на плоштадот Унион“ и изрази надеж дека Персал брзо ќе закрепне.
Персал е „дебитант“ кој беше драфтуван со 31-виот пик на драфтот за НФЛ 2024 година. Пред тоа, тој играше на Државниот универзитет во Аризона и на Универзитетот во Флорида.
Полицијата ќе го зголеми присуството на плоштадот Унион за да обезбеди дополнителна безбедност.