ТЕЈА ДОРА НА ОТВОРАЊЕТО НА ЕВРОВИЗИЈАТА: Сите го коментираат нејзиниот ЕКСТРАВАГАНТЕН СТАЈЛИНГ, еден детаљ носи СИЛНА СИМБОЛИКА
Теја Дора , српската претставничка на овогодинешната Евровизија , на гламурозното отворање на најпрестижното музичко натпреварување во светот се појави во екстравагантен фустан со посебен детал.
Теја Дора се појави на познатиот тиркизен тепих осумнаесетта по ред, пред хрватската претставничка Бејби Ласање, а пред медиумите и другите делегации прошета во сив фустан со јоргован превез на главата.
Овој детал ја носи симболиката на нејзината песна – „Рамонда“ , со која таа годинава ќе ја претставува Србија на Евровизија во Малме.
Гламурозниот тиркизен тепих, сепак, не беше толку гламурозен со оглед на тоа што поради обезбедување беа спречени да влезат многу новинари и обожаватели, а се траеше многу пократко од претходните години. За тоа придонесоа и лошите временски услови.
Инаку, неделата на Евровизија официјално започна во недела на 5 мај. Првата полуфинална вечер на која ќе настапат Србија и претставничка Теја Дора ќе се одржи во вторник на 7 мај, а големото финале на Евровизија е во сабота на 11 мај.