ТЕЈА ДОРА ОБВИНЕТНА ДЕКА Е ПЛАГИЈАТОР? Се огласи тимот на Карлеуша, скандал од невидени размери, се чека реакција на Јелена!

Драмата околу „Песна на Евровизија“ не престанува.

Хаосот околу Бресквица , Теја Дора и „Песна на Евровизија“ не стивнува, а сега полека се најавуваат луѓето кои веруваат дека уметникот „плагирал“ дел од настапот.

Станува збор за близок соработник на Јелена Карлеуша, Зоран Бирташевиќ, кој се огласи на социјалната мрежа Х.

Креативниот директор на поп ѕвездата на споменатата мрежа напиша дека Теја Дора копирала дел од настапот на Карлеуша.

Бирташевиќ истакна дека сценографијата е речиси идентична со онаа што Јелена веќе ја имала при нејзиниот настап во Белград на вода, на промоцијата на албумот.