Генијална снимка од фудбалски натпревар: Играчот провоцираше, навивачите го пцуеја, па заедно се смееја, ова мора да го погледнете! (ВИДЕО)

Краток видео клип од фудбалски натпревар од помала лига стана вирален на социјалните мрежи.

И повеќе од интересни кадри пристигнаа од Англија од мечот помеѓу Доркинг Вондерерс и Алдершот Таун, а снимката која трае помалку од минута и пол претставува што всушност треба да биде фудбалот: Страст, но и забава.

Фудбалерот на Доркинг, Лук Мур, ја искористи приликата да ги испровоцира гостинските навивачи и неговата намера успеа.

Тој ја постави топката надвор од предвидената позиција за удар од аголот, а потоа уживаше во реакцијата на публиката за која беше на дофат на раката. Се чини дека и фановите уживаа.

Добија можност да го навредуваат фудбалерот на противничката екипа, но и првокласна забава, би се рекло од реакциите на поединци од трибините.

Додека едни фрлаа навреди, други се обидуваа да му објаснат на судијата дека треба да реагира и да го опомени фудбалерот, имаше и такви кои не можеа да ја тргнат насмевката од нивните лица.

Меѓу другото, дури ни Мур не можеше а да не се насмее, а кога конечно го изведе корнерот, а судијата го замоли повторно да го стори тоа, доби уште една шанса да си поигра со навивачите, па ја смести топката уште еднаш во близина на обележана површина.

Погледнете го овој генијален клип: