Тејлор Свифт е прогласена за личност на годината од страна на магазинот „Тајм“.
Музичката ѕвезда, чија турнеја заработи 1 милијарда долари оваа година, ги победи Владимир Путин, Барби и Сем Алтман за оваа чест.
Минатата година, украинскиот претседател Володимир Зеленски и „Духот на Украина“ беа на врвот на листата, откако доминираа во насловите на вестите ширум светот, пишува Дејли мејл.