ТЕЈЛОР СФИТ ЌЕ ЈА СПАСУВА ЕВРОПСКАТА УНИЈА !? Брисел ја моли најголемата музичка ѕвезда на планетата: “Ве молиме помогнете ни, никој не го прави тоа подобро од вас…“

Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас, смета дека има решение за поттикнување на излезноста на младите гласачи на изборите за Европскиот парламент, кои ќе се одржат во јуни оваа година, пренесува Politico.

Тој верува дека американската музичка суперѕвезда Тејлор Свифт може да и помогне на Европа, ни помалку ни повеќе.

Никој не може да ги мобилизира младите подобро од младите. Младите се тие кои можат да ги мобилизираат младите да учествуваат, повеќе од комесарите“, истакна Маргаритис Схинас на прес-конференција во средата.

И кој е подобар за таа задача од личност на годината според угледниот магазин Time ?

Имам големи надежи дека некој од нејзиниот ПР тим ќе ја следи оваа прес-конференција и ќе и го пренесе нашето барање“, вели Маргаритис Схинас.

На крајот на краиштата, не би било ништо ново за Тејлор Свифт да се вклучи во охрабрувањето на младите гласачи да гласаат. Минатиот септември, пејачката се обиде да ги охрабри своите 272 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм да се регистрираат за да гласаат и за неколку часа, Vote.org објави повеќе од 35.000 регистрации, што е скок од 23 отсто во однос на претходната година.

слика
Маргаритис Схинас

Кариерата на американската пејачка се протега од пред две децении. Зад себе има бројни музички хитови, стиховите на нејзините песни се изучуваат на некои Универзитети, а благодарение на последната турнеја и помогна на американската економија. Таа стана културен феномен, а оваа година за првпат стана милијардерка, според индексот на Bloomberg.

И покрај претходните обиди да остане надвор од политиката, Тејлор Свифт одлучи да го направи своето прво јавно појавување во октомври 2018 година кога го поддржа демократот Фил Бредесен против републиканката Марша Блекбурн во трката за Сенатот во Тенеси. Таа, исто така, изрази бес во летото 2022 година по одлуката на Врховниот суд на САД да го поништи правото на абортус.

Маргаритис Схинас потсети дека американската пејачка европскиот дел од турнејата ја започнува напролет, непосредно пред изборите кои се закажани меѓу 6. и 9. јуни.

Таа ќе настапи во Париз на 9. мај – Денот на Европа“, потсети Маргаритис Схинас.