Тејлор Фриц изведе еден од најчудните сервиси во тенисот, го нарекуваат „палачинка“!

Американскиот тенисер Тејлор Фриц ќе се соочи со Јужноафриканецот Лојд Харис во второто коло на Отвореното првенство на САД , натпревар до кој стигна откако го победи сонародникот Емилио Нава.

Фриц одигра одличен натпревар против Нава, победувајќи со 3:0 (7:5, 6:2, 6:3), а еден детаљ во натпреварот особено го привлече вниманието. Имено, Тејлор Фриц изведе неверојатен сервис, на кој му беше дадено многу интересно име – палачинка!

Публиката најпрво беше изненадена, а потоа го награди Фрик со стоечки овации.

Можете да погледнете како Американецот изведе одличен сервис подолу.

Тејлор Фриц со овој потег покажа дека тенисот може да биде не само сериозна борба, туку и шоу за публиката, а сега се соочува со предизвикот од второто коло – дуел против Јужноафриканецот Лојд Харис. Доколку повторно сервира „палачинки“, едно е сигурно – спектаклот нема да нè заобиколи.