,,Те сакаме Вања” – Емотивни графити испишани во Центар (фото)

Додека македонската и балканската јавност сè уште тагува по малата Вања, во населбата Центар на ул. Апостол Гусларот 3, непосредно до ОУ ,,Јохан Х. Песталоци” се појавија графити посветени токму на Вања.

Имено, на зградите во споменатата улици непосредно до училиштето во кое учеше Вања, испишани се графити со наслов: ТЕ САКАМЕ ВАЊА и емотикон срце.

Овие графите најверојатно ги пишуваат врсниците и другарите на малата Вања кои сè уште не можат да се помират со загубата на нивната другарка.

Да потсетиме, Вања Ѓорчевска беше киднапирана на 27.11.2023 година, изутрината кога тргнала за на училиште. На 03.03.2023 нејзиното безживотно тело беше пронајдено во с. Бразда во околина на Скопје.

Љупчо Палевски Палчо, Претседател на политичкото движење Десна е главен осомничен за нејзиното убиство. Неколку дена по извршувањето на убиството, Палчо преку Србија и Бугарија побегна во Турција. Турските власти го уапсија и сега се чека негова екстрадиција.