Путин и се закани на Финска по влезот во НАТО: Што им требаше?

Во телевизиско интервју во неделата, рускиот претседател Владимир Путин и се закани на новата членка на НАТО Финска дека ќе има неодредени „проблеми“.

Порано немаше проблеми, но сега ќе има“, рече Путин во телевизиско интервју.

Русија ќе го зајакне Ленинградскиот воен округ околу Санкт Петербург и таму ќе стационира одредени воени единици.

Наводно, мислејќи на влезот на Финска во НАТО, Путин рекол: „Што им требаше?

Финска одлучи да аплицира за членство во НАТО откако Русија започна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Шведска исто така поднесе барање за приклучување, но сè уште не доби едногласна поддршка од сите земји на НАТО бидејќи Турција сè уште не дала зелено светло.

САД неодамна склучија договор со Шведска за користење на шведските воени капацитети.

Сличен договор треба да биде потпишан и со Финска во понеделник. Американско-финскиот договор ќе му овозможи на Вашингтон воен пристап до 15 фински бази.