,,Те сака твојата жена” Анастасија Ражнатовиќ објави интимни слики со Немања Гудељ!

На 32. роденден на Немања Гудељ,  Анастасија Ражнатовиќ Гудељ објави низа досега невидени фотографии од нив двајца, а зборовите кои му ги испрати беа силни и емотивни.

– Среќен роденден, љубов моја! Твохата сопруга ќе те сака вечно и најмногу – напиша таа.

Немања наполни 32 години, а тој и Анастасија се заедно повеќе од една година. Анастасија и Немања пред речиси еден месец се заколнаа на својата вечна љубов пред Бога, непосредно пред фудбалерот да замине на американската турнеја, каде одигра три натпревари, од кои првиот на 31 јули.

-Црковната венчавка не можеше да се одржи бидејќи беше во тек со Богородичен пост кој започна на 14-ти и трае до 28-ми август. Во договор со свештеникот од семејството Ражнатовиќ, владиката Стефано, Анастасија и Немања се договориле да се венчаат пред тој да замине за Америка. Не им требаше многу за да се организираат, бидејќи имаа само десет гости – членови на семејството и најблиските пријатели.