Тивок убиец КОЈ ГО НАГРИЗУВА ОРГАНИЗМОТ: Ова се првите симптоми на заболување на црниот дроб, во раните фази многу тешко се забележуваат, но обрнете внимание на ова

Доколку се открие навреме, експертите велат дека оваа состојба речиси целосно може да се спречи.

Состојбата, чии симптоми на почетокот често се тивки , предизвика тревога кај здравствените експерти откако повеќе од 82.000 Британци беа хоспитализирани минатата година.

Стапката на заболување на црниот дроб е зголемена низ Англија, но и пошироко повеќето луѓе имаат некаков проблем со најголемиот орган после кожата, а многумина се жалат на хроничен ментален и физички замор, нездрава кожа и боја на урината.

Според податоците на Светската здравствена организација, болестите на црниот дроб се петта најчеста причина за смрт во светот . Разорните статистики се зголемуваат секоја година, како во развиените, така и во сиромашните земји.

Експертите велат дека луѓето во посиромашните области , како што се многу делови од Западен Мидлендс, веројатно ќе бидат повеќе изложени на ризик од развој на заболување на црниот дроб. 

Британското здружение за болести на црниот дроб наведува дека заболувањето на црниот дроб често останува тивко во раните фази, „покажувајќи минимални или никакви симптоми“ и е како тивок убиец кој го јаде телото.

Меѓутоа, доколку се открие навреме , тие наведуваат дека оваа состојба „речиси целосно може да се спречи“ . Главните фактори на ризик за заболување на црниот дроб се генетската предиспозиција, алкохолот, дебелината.  Црниот дроб може да биде оштетен од разни вируси, неправилна исхрана, недостаток на физичка активност, консумирање психоактивни супстанци, долгорочно консумирање лекови без совет од лекар, но и отрови од надворешната средина.

Можеби најпознатото заболување на црниот дроб за кое повеќето луѓе слушнале е  хепатитисот . Хепатитисот е вирусна инфекција на црниот дроб, која предизвикува негово воспаление и оштетување . Постојат пет типа на хепатитис: А, Б, Ц, Д, Е

Светската здравствена организација објаснува дека кога ќе почнете да добивате симптоми на заболување на црниот дроб, вашиот црн дроб е веќе оштетен и има лузни.

Загрижувачките податоци се дека на дури три четвртини од луѓето им е дијагностицирана цироза , најтешката форма на заболување на црниот дроб, состојба кога често е предоцна за ефикасна интервенција или лекување.

Првите симптоми кои укажуваат на дисфункција на црниот дроб се:

  • хроничен замор и недостаток на енергија;
  • иритација на кожата и чешање;
  • темна боја на урината (укажува на покачен билирубин);
  • жолтеникава, нездрава боја на кожата

Други симптоми:

  • Абдоминална болка и оток
  • Оток во нозете и глуждовите
  • Бледа боја на столицата
  • Гадење или повраќање
  • Губење на апетит
  • Склоност кон лесно модринки

Ванеса Хебдич , директорка за политика на Британскиот фонд за црн дроб, рече: – Овие бројки уште еднаш покажуваат колку е потребна акција . British Liver Trust повикува на брз и сеопфатен преглед на услугите за нега на црниот дроб за возрасни, за лекарите да можат да се справат со огромните варијации и нееднаквости во резултатите од лекувањето за заболување на црниот дроб, вели таа, додавајќи:

– Зголемувањето на бројот на примени во болниците ја нагласува итната потреба од итни мерки за решавање на заболувањето на црниот дроб, што е колку за Светската здравствена организација, колку и за целото општество.

Фондот апелира „да се даде приоритет на инвестициите во превенција и рана дијагноза на заболување на црниот дроб“.

Г-ѓа Хебдих додаде: – Справувањето со основните причини за заболување на црниот дроб, како што се злоупотреба на алкохол и дебелината, треба да биде во првите редови на агендата на секоја влада .

– Со доделување средства за образование, подигање на свеста и промовирање на поздрави животни стилови, можеме да работиме заедно за да го намалиме товарот од заболувања на црниот дроб и да ја подобриме благосостојбата на поединците ширум земјата.