“ТИЕ ГИ СИЛУВААТ И КАСАПАТ НАШИТЕ СЕСТРИ, МАЈКИ И ПРИЈАТЕЛИ…“ – Израел објави видео со моќна порака до светот: “Погледнете што прават…“

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија видео од сопруга на војник која испрати порака до светот.

Замислете ја вашата сестра, мајка, баба, пријателка. Замислете да излезат и да не се јават на телефон. Вие сте загрижени. Го замислувате најлошото можно сценарио. Не можете да заспиете додека не ја добиете пораката: Се е во ред, дома сум – а твоето срце трепери“, вели таа.

Секогаш кога ќе прочитате вести и ќе слушнете за жена која поминала низ незамислив кошмар, обидете се да се сетите на неа, дека тоа можело да биде таа. И тогаш твоето срце трепери. За Израелците овие страшни приказни станаа реалност на 7. октомври“, додава таа.

Милитантите на Хамас монструозно ги силуваа, масакрираа, осакатуваа и киднапираа нашите сестри, мајки, баби и пријатели. Нивните најблиски им се јавиле на телефон, но никој не се јавил. Последниве 43 дена нивните срца треперат без престан“, нагласува таа.

Да потсетиме дека портпаролот на военото крило на бригадата Хамас, Ал Касам, Абу Убаида, изјави дека е изгубен контактот со бројни групи задолжени за заштита на заложниците, нагласувајќи дека судбината на заробениците не е позната.

.

Во петокот , Ал Касам на својот канал на социјалната мрежа Телеграм објави видео од заложникот Арија Залмен Здмановиќ, кој починал од напад на паника во повторените бомбашки напади околу притворниот центар, истакнувајќи дека тој страдал од хронични болести, вклучително и срцеви заболувања.