„ТИЕ ГО ПОСЕДУВААТ“ Трамп силно удри по Бајден и откри: Имаат целосна контрола над него…

Трамп најави дека ќе побара од Пекинг да ја отстрани сета воена и разузнавачка опрема од Куба, се разбира доколку биде реизбран за претседател.

Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп тврди дека актуелниот претседател Џозеф Бајден е под целосна контрола на Кина.

Говорејќи на митинг во Њу Хемпшир, Трамп во вторникот рече дека американската администрација не реагира на извештаите за кинеските активности во Куба, поврзувајќи го со наводните финансиски врски на семејството Бајден со кинески компании, пренесува ТАСС.

– Џо Бајден е компромитиран претседател. Кина знае како е компромитиран. Имаат целосна контрола над него. Кина го поседува Бајден – рече Трамп.

Тој додаде дека доколку биде реизбран за претседател, ќе побара од Пекинг да ја отстрани сета воена и разузнавачка опрема од Куба „во рок од два дена“.

Бајден неодамна го нарече кинескиот претседател Си Џинпинг „диктатор“.