“ТИЕ САКААТ ДА СЕ САМОУБИЕМЕ!“ – Виктор Орбан одби директна наредба на Европската унија: Будимпешта си игра “мајтап“ со Брисел !?

Иако Европската унија сугерираше да ги олабави врските со Кина, Унгарија упорно одбива да го стори тоа, а сега се чини дека таквиот потег ќе се исплати. Имено, Унгарија и Германија – се натпреваруваат да бидат домаќин на првата европска фабрика на кинескиот производител на автомобили BYD. Според Politico, компанијата треба да објави официјално за се до крајот на годината.

Кинескиот производител на батерии CATL минатата година одлучи да изгради своја фабрика вредна дури 7,3 милијарди евра во источниот унгарски град Дебрецен. И други кинески компании во синџирот на снабдување со електрични возила – Nio, Eve Energy, Huayou Cobalt, BYD и Ningbo Zhenyu Technology – најавија нови фабрички проекти во таа земја.

Владата на Унгарија истакнува дека Кина е водечки странски инвеститор во нивната земја од 2020 година, но Будимпешта сега сака повеќе од тоа – така што не е изненадување што унгарските политичари толку многу се грижат нивните односи со Кина да останат мазни.

Премиерот на УнгаријаВиктор Орбан, беше единствениот лидер на ЕУ кој присуствуваше на форумот на иницијативата „Појас и пат“ во октомври, а претседателот на КинаСи Џинпинг го нарече „пријател“ на Пекинг.

Унгарската Влада нема да прифати никаков надворешен идеолошки притисок и секогаш ќе ги следи националните интереси“, истакна Виктор Орбан.

Министерот за надворешни работи на УнгаријаПетер Сијарто, во јуни кажа дека секој унгарски обид да се оддалечи од Кина ќе и наштети на Европа.

Тоа би било самоубиство на европската економија“, предупреди тој.

Унгарската Влада се гледа себеси како мост за Кина и тоа е нешто што треба да го загрижи остатокот од Европската унија“, предупреди Дора Ѓерфи, професор по економија на Универзитетот „Корвинус“ во Будимпешта.

слика
Виктор Орбан и Си Џинпинг

Претседателката на Европската комисијаУрсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот советШарл Мишел, оваа недела се во Пекинг, каде се обидуваат да извршат притисок врз кинеското раководство поради огромниот трговски суфицит на Кина со ЕУЕК, исто така, започна истрага за несоодветни субвенции за кинески електрични возила.

Во меѓувреме, напорите на унгарската Влада да привлече повеќе инвестиции од Кина предизвикуваат зголемена загриженост.

Ваквите економски придобивки би можеле да имаат висока политичка цена. Како Русија, така и Кина може да користи каква било економска ранливост за уцена“, вели Дора Ѓерфи.

Унгарскиот министер за економски развој, Мартон Наѓ, беше во Шангај минатиот месец, каде ја прослави брзината на кинеските инвестиции во Унгарија.

Горди сме што Унгарија е водечка дестинација за кинески деловни инвестиции во Централна Европа. Успехот на владината политика позната како ‘отворање кон Исток’ се гледа по тоа што до крајот на 2023 година повеќе од една третина од директните странски инвестиции во Унгарија ќе доаѓаат од источните земји“, изјави тој.