НИКОГАШ ВИДЕНА ФОТОГРАФИЈА НА ЕМИНА ЈАХОВИЌ: Пејачката за прв пат покажа како изгледала како девојче, а сите зборуваат за ОВА

Пејачката Емина Јаховиќ многу се промени од почетокот на кариерата до денес.

Меѓутоа, сега Емина на својот Инстаграм сподели досега невидена фотографија од детството и ги воодушеви своите следбеници.

На фотографијата позира девојка со кратка црна коса, со шишки, во фармерки и модерна кожна јакна, која е и денес во мода, а сите го коментираа нејзиниот стајлинг.

-Го чувам ова мало љубопитно јас во џеб, кога и да ми затреба, ми излегува – напишала пејачката во описот на објавата со која предизвика големо внимание.

Инаку, Емина еднаш зборуваше за растењето.

– Татко ми почина кога имав 18 години. Брат ми и сестра ми отидоа да учат. Братот отиде во Турција да игра кошарка, а сестра ми отиде на универзитет да студира медицина. А јас останав сама со мајка ми и се грижев за неа 7-8 години.

– Целиот живот живеам одвоено од семејството. Никогаш не сме биле на едно место заедно, никогаш – изјавила пејачката.