Одложен судскиот процес против Трамп за обид за изборна измама

 – Датумот на судењето за обид за изборна измама против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и водечки кандидат на Републиканската партија за претседателските избори годинава е одложен. Судењето требаше да започне на 4 март, но поради нерешени правни прашања во случајот, тој датум е одложен. Се уште нема нов термин за почеток на судењето, јави ДПА.

Трамп е обвинет по вкупно четири точки. Против него беа поднесени 91 обвиненија.

Во судскиот процес, кој требаше да започне во Вашингтон на 4 март, 77-годишниот републиканец е обвинет дека се обидел да го поништи исходот од претседателските избори во 2020 година, кога Трамп загуби од неговиот демократски ривал Џо Бајден. Во тоа време, Трамп се обиде на неколку начини да ги поништи резултатите од гласањето. Неговата кампања против исходот на изборите потоа доведе до невиден напад на Капитол во Вашингтон на 6 јануари 2021 година.

Во случајот на Трамп се покренати четири обвиненија, меѓу кои и заговор против САД. Доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со повеќегодишна затворка казна.

Трамп ги отфрли обвинувањата и ги оцени како политички „лов на вештерки“ против него и обид да се спречи да се кандидира за реизбор.