Се огласи Јокиќ после историскиот натпревар! Насмеа многумина со еден одговор: Не знам дали е таму, се надевам дека е!

МВП-то на минатосезонското финале во НБА, Никола Јокиќ , продолжи со одличните партии и со одлична партија му донесе победа на Денвер против Портланд.

По историскиот трипл-дабл учинок тој им се обрати на навивачите во салата.

„Добро го започнавме натпреварот, потоа малку ни падна фокусот. Второто полувреме беше подобро, се врати концентрацијата, завршивме како што сакавме и победивме”.

Србинот беше прашан за соработка со Ерон Гордон, соиграч кој може да го најде од која било позиција.

„Се надевам дека е таму, понекогаш не знам дали е таму, се надевам, но најчесто тој завршува таму. Среќен сум што ме чита”.

Следниот натпревар Денвер го игра против истиот противник ноќта меѓу недела и понеделник.

Тешко е да се игра против ист тим двапати, но се надевам дека навивачите ќе ни ја донесат потребната енергија за нова победа “.