Тиквата е кралица на есента, но и на плодноста


Тиквата е намирница која треба да ја вклучите во вашето мени доколку планирате бременост.

„Месестиот дел од тиквата е извор на бета каротен (телото го претвора бета каротенот во витамин А), антиоксиданс кој го штити организмот од слободните радикали, одговорен е за здравјето на јајце клетките, го стимулира производството на прогестерон и го поддржува здравјето на спермата – велат нутриционистите.

Тиквата е извор на добри јаглехидрати, што е корисно за луѓето со „PCOS“ и отпорност на инсулин.

– Влакната од тиква се многу важни за хормоналната рамнотежа. Покрај горенаведеното, клучните хранливи материи се витамин Ц, магнезиум, калиум и цинк – додаваат тие.

Како да подготвите тиква?

Повеќето од нас ја подготвуваат печена во рерна, посипана со цимет и сечкани ореви. Исто така можете да приготвите и манџа од тиква, пита, чорба… Ваше е да го изберете начинот на подготовка и да уживате. Топлата тиква за време на студените денови го загрева вашето тело и ви помага да забремените.