Тинејџери измасакрирале трансродова девојка само да почувствуваат како е да убиеш некого! Злосторство кое ја заледува крвта: Ја избоделе во паркот (фото)

Двајца 16-годишници се прогласени за виновни за, како што се сметаше, бесмислено убиство на Бријана Геј, трансродовата девојка која беше избодена 28 пати во паркот Ворингтон претходно оваа година.

Тинејџерите опседнати со убиства, познати како Девојка X и Момче Y, за да го заштитат својот идентитет, едногласно беа прогласени за виновни од страна на поротата во Крунскиот суд во Манчестер во средата, откако расправаа четири часа и 40 минути.

Судијата рече дека ќе ги казни двајцата следниот месец и ќе одлучи дали да ги укине ограничувањата за да може да се именуваат убијците. Тој им кажа на тинејџерите дека ќе треба да одлежат доживотна затворска казна но дека ќе мора да одложи за дополнителни извештаи за да одлучи за минималната казна што треба да ја отслужат.

Девојката X, која била фасцинирана од сериските убијци и се фалела дека гледа видеа од мачење на мрачната мрежа, изјавила дека е „опседната“ со Бријана. Таа и Бријана беа пријатели неколку месеци пред да почне да планира да ја убие, заедно со Момчето Y.

Најџел Пар, виш истражен офицер на полицијата во Чешир, рече дека Бријана била убиена од двајца тинејџери чија единствена мотивација била да искусат какво е чувството да се убие.

Тинејџерот никогаш не ја запознал Бријана до денот на убиството, што се случи сред попладнето во паркот на 11 февруари. Тинејџерите биле вознемирени од пар кој го шетал нивното куче и побегнале, пред да бидат снимени на видео надзор како мирно се враќаат дома.

Мајката на убиеното девојче

Пред убиството, обвинетите размениле илјадници пораки на WhatsApp, разговарајќи за децата што сакале да ги убијат. Плановите да убијат уште едно момче пропаднале кога не успеале да го намамат во Калшет Линеар Парк, па се фокусирале на Брајана, која не излегувала многу.

Момчето во своите пораки ја нарекувало Брајана „плен“ и „тоа“, велејќи дека ќе биде полесно да ја убие „и сакам да видам дали вреска како маж или девојка“.

Иако X и Y беа пријатели од нивната 11-годишна возраст, тие се свртеа еден против друг по нивното апсење. Девојчето првично измислило приказна за Брајана како „заминала со некое момче од Манчестер“, пред да ја промени одбраната и да тврди дека момчето е одговорно за нејзиното убиство.

Тој ја обвини тинејџерката за убиството, велејќи дека уринирал на дрво во паркот кога се свртел и ја видел како ја прободува Брајана. Тој продолжи да ѝ кажува на полицијата дека девојката „не е нормална личност“ и тврдеше дека е сатанист. Тој рече дека таа му рекла дека претходно убила двапати, но не бил сигурен дали и” верувал бидејќи убиствата не биле во вестите. Полицијата не можеше да најде докази за други убиства.

Откако детективите го соочиле момчето со форензички докази против него – вклучително и крвта на Брајана на ловечки нож пронајден во неговата спална соба, како и на неговите панталони и облека – тој престанал да зборува, зборувајќи само со својата мајка.

Многу невообичаено, на момчето му било дозволено да сведочи преку СМС. Специјално било договорено да му бидат отчукувани прашањата на адвокатот, а тој ги отчукал неговите одговори кои биле прочитани пред поротата.

Тој и девојката добија посредници, кои седнаа со нив на обвинителна клупа за да се уверат дека го разбрале судскиот процес. Двојката не разговараше меѓу себе и избегнуваше контакт со очите.

Нивните родители повеќето денови беа на суд, а семејството на Брајана гледаше од јавната галерија.

На почетокот на оваа година, мајката на Брајана, Естер Геј, изјави за Гардијан дека иако нејзината ќерка има анксиозност и проблеми со менталното здравје, таа е многу дружељубива и многу самоуверена и сонува да стане позната на Тик Ток.

Брајана се појави како транс лице на 14 години и живееше и се облекуваше како девојче до нејзиното убиство. Нејзината мајка рече дека ја поддржува транзицијата.

– Не ми пречеше. Тоа беше нешто што Брајана сакаше да го направи и јас бев среќна. Само таа да беше среќна, само тоа беше важно, рече таа.

Обвинителството по пресудата соопшти дека ова е еден од најтешките случаи со кои морале да се соочат.

– Планирањето, насилството и возраста на убијците се неверојатни. Бријана била подложена на бесен и жесток напад и била избодена 28 пати сред бел ден во јавен парк, велат тие.