„Титаник е гроб и треба да се остави на мира“: Поранешен капетан на нуклеарна подморница: Една од овие две работи предизвика имплозија на Титан

Поранешниот капитен Ремзи верува дека индустријата најверојатно ќе ги заостри регулативите и ќе ги затвори можните „правни дупки“ што постоеја во случајот Титан.

Поранешниот капетан на подморницата на Кралската морнарица, Рајан Ремзи, предупреди на „огромните ризици“ поврзани со неусогласеноста, особено кога станува збор за изградба на подморници. Во случајот на трагичната судбина на подморницата Титан , оваа небрежност резултираше со смрт на пет лица.

Ремзи верува дека се случила една од двете работи: или откажал капакот со завртки што се користел за запечатување на екипажот однадвор, што предизвикало колапс на трупот на подморницата, или трупот на подморницата имал дефект кој напукнал под притисок, предизвикувајќи го истиот резултат – имплозија.

Запрашан дали „невообичаениот“ дизајн на Титан е непромислен, Ремзи изјави за Скај њуз: „Не би отишол толку далеку да кажам непромислен. Но, игнорирањето на стандардните начини за изградба на овие типови подморници во потрагата по иновации носи огромни ризици, и во овој случај дека ризикот резултирал со загуба на живот“.

Ремзи, кој беше капетан на нуклеарната подморница ХМС Турбулент, верува дека индустријата најверојатно ќе ги заостри регулативите и ќе ги затвори можните „правни дупки“ што постоеја во случајот Титан. Тој нагласи дека од овој случај мора да се извлечат поуки, особено кога станува збор за безбедноста на подморниците.

Екстремниот туризам

Поранешен поморски офицер предвидува дека длабинскиот туризам ќе биде повторно проценет по загубата на Титан.

– Сите поморски активности носат ризици бидејќи морето е непредвидливо. Подморниците оперираат на места помалку истражени од вселената, во нешто покомплексно од вселенски брод. Оваа форма на екстремен туризам веројатно ќе биде ограничена во оваа област – рече Ремзи.

Ремзи изрази сочувство до семејствата на загинатите во оваа трагедија и апелираше да се прекинат посетите на потонатиот брод Титаник..

– Тоа е гроб и треба да се остави на мира – заклучи тој.